Милановиќ нема да присуствува на самитот во Белград

 

- Милановиќ во блиска иднина нема да се состане со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави за весникот анонимен висок претставник на хрватската Влада. 

Тоа значи, додава „Јутарњи лист“ дека Милановиќ посредно ја отфрла идејата на претставикот на Србите во Хрватска, Милорад Пуповац, кој гоставувајќи во телевизиска емисија предложи средба на Милановиќ и Вучиќ, на која двајцата лидери се обиделе да ги намалат сегашните меѓудржавни тензии.

Хрватските власти сметаат дека Вучиќ и српските лидери не реагирале адекватно на Шешељ и се додека тоа не го сторат средбата на високо ниво не би имала преголемо значење, додава весникот.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега