ФОТО: Капелата претесна- соучениците со солзи ја испратија Анастасија

Капелата беше претесна да ги собере сите кои вчера во 14:30 часот дојдоа да изразат сочуство на мајката на Анастасија Стајиќ, Сандра, нејзините сестри и браќа, јавуваат српските медиуми.

Во погребната поворка заедно со останатите нејзини пријатели била и нејзината најдобра пријателка Милица Јоквиќ, која во кобната ноќ успеа да излезе од БМВ-то и да се спаси. Таа за првпат по несреќата го напуштила домот, а за време на погребот едвај стоела на нозе и била во многу лоша психичка состојба.

Тешката тишина на новите гробишта во Белград, во моментот кога била фрлена првата грст земја над белиот ковџег во кој се наоѓаше телото на Анастасија Беба Стајиќ, ја прекинал болниот крик на нејзината мајка Сандра.

„Бебо моја“, вреснала нејзината мајка, по што на грабиштата одекнал страшен лелек на нејзините пријатели и соученици кои не ги криеја солзите за прерано згаснатиот млад живот, пренсува српски Ало.

Пред да биде спуштена во гробот, проштален говор одржала другарка на Анастасија од училиштето.

- Бебо секогаш беше насмеана и среќна, пленеше со својата позитивна енергија. Беше ангел на земјата, сега си ангел на небото, рекла нејзината пријателка.

Освен, Анастасија, во страшната сообраќајка животите ги загубија и Милош Јанковиќ и Немања Антиќ, кои беа погребани во вторникот.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега