20 тони хашиш запленети во Средоземното Море

Португалската полиција откри и заплени 20 тони хашиш во Средоземно Море. Во операцијата се уапсени 10 лица од различни националности.

Дрогата била откриена во рибарски брод. Екипажот на бродот се обидел да го запали бродот, кога виделе дека полицијата се приближува.

Се претпоставува дека меѓу уапсените е и лидерот на наркомрежата во Португалија.

Во операцијата учествувале и португалското Воено воздухопловство и Воената морнарица, како и шпанската полиција.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 15:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега