Скопје: Фрчат казни и за пешаците

Полицијата демне а пајакот прави парче на скопските улици.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 10 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 12 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Биле казнети и 30 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, а на 26 од нив покрај поканата за наплата на глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 56 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега