Се огласија родителите на младото момче кое си ги однесе другарите во смрт

Откако во јавноста се појавија негативни коментари за родителите на 19-годишниот Душан Јовановиќ кој со автомобилот падна во Дунав, тие се огласија и кажаа дека нивното дете треба да одговара за она што го направило.

- За нашата фамилија веќе нема нормален живот. Да можеме и своите животи ќе ги дадеме за да ги вратиме децата, бидејќи ги гледавме како наши. Нема зборови со кои можеме да ја опишеме нашата болка, велат Бојана и Срџан Јовановиќ, родителите на момчето кое без дозвола седна зад воланот и си ги однесе другарите во смрт.

Тие се во шок и неверување, како и поради трагедијата, така и за своето дете, бидејќи како што велат, иако е нивен син, треба да снесе одговорност за она што се случило.

- Не знам како да живееме со ова, веќе немаме семејство...и нашите животи заминаа со тие деца...Немања му беше најдобар друга, а Беба негова девојка. Постојано се дружеа. Заедно јадеа, пиеја, спиеја и си ги делеа тајните во нашата куќа, вели мајката на Душан.

Запрашана зошто носи црно иако нејзиното дете преживеа, таа вели дека е во црнило за другите деца, бидејќи ги чуствувала како свои.

- Свесни сме дека ништо од ова не е намерно. Пиеле, се забавувале и направиле глупост која многу ги чинеше. Како што слушнавме пееле во автомобилот до моментот на трагедијата, вели таткото и додава дека неговиот син се направил да ги спаси другарите. Уаспеал да спаси двајца, но не успеал да го спаси оној од багажникот, кој бил најкрупен бидејќи бил ватерполист. 

Од друга страна, иако се пишува дека осум пати бил фатен како вози без дозвола и има 27 прекршочни против него, мајката на Душан тврди дека тоа не е вистина.

 

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега