Затвореник пронајден мртов во затворот во Струга

Затвореник бил пронајден мртов вчера вечер во струшкиот затвор каде што ја издржувал својата казна, информира СВР Охрид. Станува збор за битолчанец на возраст од 36 години, чие тело го забележал друг затвореник кој ја алармирал чуварската служба. Лекарската екипа која дошла на местото само ја констатирала смртта, пишува Дневник.

Според првичните информации, на телото на затвореникот нема траги на насилство, но причините за смртта треба да бидат познати по обдукцијата. 

Kазнено-поправниот дом „Струга“ е затвор од отворен и полуотворен вид во која казни издржуваат машки лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за небрежност на казна затвор од три до пет години. Освен ни, во затворот има осуденици за дела до три години, како и повторници осудени на казна затвор до 6 месеци. Во затворот се осуденици на кои во казната им е пресметан притворот, па им остануваат за издржување до пет, односно до три години од казната.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 23:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега