На мало девојче му се заби чадор во окото - и го пробил и мозокот

Страшен инцидент настана денеска во школото во Солина каде што за време на една игра меѓу учениците врвот од чадорот заврши во окото на едно девојче.

Оштриот дел минал низ окото и го пробил мозокот, а во тој момент дошло до скршеница на черепот. Детето е приклучено на вештачко дишење.

Трагедијата се случила околу 9:30 часот за време на паузата меѓу двата школски часови.

Децата си играле и во еден момент девојчето изгуби рамнотежа и паднала на чадорот на нејзиниот другар. Врвот и се забил во окото и дошол до мозокот.

Инцидентот во 12:45 часот го потврди полицијата и наведе дека девојчето се здобило со тешки повреди.

Директорот на основното училиште „Вјекослав Параќ“ во Свето Каји, Џуро Балоевиќ, го потврди инцидентот.

„Она што можам да ви го соопштам е дека инцидентот се случи за време на малиот одмор пред почетокот на часот. На детето веднаш му беше пружено прва помош, а Итната помош стигна во рок од пет минути. Родителите веднаш беа известни и беше повикана полиција да ги утврди деталите. Имено постои точно одреден протокол и правилник за постапување во вакви ситуации за да може да се заштитат децата“, изјавил директорот на школото.

 

Тој додал дека ќе бидат превземени сите потребни мерки за да им се пружи психолошка помош на сите кои просведочиле на ваквиот настан.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 19:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега