Министерот Сарачини се сретна со генералниот менаџер на Мајкрософт
Денеска министерот за економија Ваљон Сарачини се сретна со генералниот менаџер на Мајкрософт во регионот, Стефан Плавјанскии, како и со Влора Адеми, одговорна за образование.
- Од страната на Плавјански беа презентирани проекти во рамиките на кои може да произлезе соработка со Министерството за економија, се со цел преку обуките и проефесионалниот развој, на некој начин да може да се креира ИТ атмосфера во Република Македонија. Стана збор и за тоа како технологијата да стане составен дел од секојдневието, соопшти Министерството за економија.
Особено, се посочува во соопштението, ќе се разгледат можностите за учениците кои не одлучиле да го продолжат своето стручно образование, како преку нив, ќе можат да се здобијат со светски признати сертификати, кои би имале големо значење при нивното вработување, со претходно подготвен акциски план и можност за организирање на обуките во летниот период.