Велес: Цементиран дел од улицата „Цветан Арсов"

 

Во понеделникот во Велес градоначалникот Чадиев изврши увид на улицата Цветан Арсов во близина на Црна Џамија.

„Цементирани се повеќе од 200 метри од оваа улица или околу 700 метри квадратни. За овој градежен зафат општината потроши 310 илјади денари од програмата за уредување на градежно земјиште. Ние сме задоволни затоа што овие граѓани кои живеат тука, но и тие што поминуваат отсега тоа ќе го прават по уредена улица", рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес, пренесе Макфакс.

„Ниедна позиција не е исплатена без одобрение на фирмата која е избрана на тендер да врши надзор. Тие треба да ни достават мислење, дека се е завршено според правилата и прописите", рече Чадиев.

На увид со градоначалникот денеска и претседателот на Советот. Ваквото темпо на работа очекува дека ќе донесе висока реализација на програмата за уредување на градежно земјиште.

„Сведоци сме дека во овој период општината има интензивни активност на повеќе места во градот што значи дека реализацијата на програмата се одвива со засилен интензитет. Со оглед на тоа дека градежната сезона сé уште трае сен надевам дека овој интензитет на градење ќе продолжи", рече Александар Колев претседател на Советот на општина Велес.

ФОТО: Економски 

најчитано сега