Наместо да се радува заминал во смрт - семејството на убиениот навивач во црно

Момчето кое настрада во Истанбул само неколку часа пред убиството бил пресреќен затоа што сестра му му кажала дека ќе стане вујко.

Цела Србија тагува поради трагедијата којашто се случи во Истанбул, кога пред натпреварот меѓу Галатасарај и Црвена Звезда, 25-годишниот Марко Ивковиќ беше прободен и убиен.

Заедно со своите другари сакал да ги бодри црвено-белите, не правел инциденти и бил момче за пример, за што сведочат неговите познаници.

Живеел во Земун со мајка му и сестра му, а имал и долгогодишна девојка.

-Марко се качи на столче и ја подели со нас среќната вест дека ќе стане вујко. Наздравивме. Таа слика нема да ја заборавам додека сум жив. Беше пресреќен, а сега го нема. Знам дека за покојните се зборува само најдобро, но нашиот убиен „бригадир“ навистина беше златно момче, вели еден од „делиите“ кои го познавале Марко.

Погребот на Марко Ивковиќ ќе се одржи утре во 15 часот на гробиштата во Бежанија.

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега