„Бабо ако немаш пари ќе те силувам" - старица преживеала хорор

Старица од Србија преживеала хорор кога разбојник влетал во нејзиниот дом и и побарал пари. Се работи за 82-годишната Р.С. која преживеала вистинска голгота кога 38-годишниот Данко С. влегол во нејзиниот дом и побарал од неа да му даде пари. Како што пренесува српскиот Курир, драмата се одвивала ноќта помеѓу четвртокот и петокот кога насилникот сакал да ја ограби старицата, а откако таа му кажала дека нема пари, и рекол дека ќе ја силува.

Иако е дупло постара од него, Р.С. му се нафрлила на насилникот и не му дозволила да и ги земе парите. Кога тој почнал да пребарува по собите, таа искористила да му се јави на свој роднина и веднаш да го повика да дојде и да и помогне. Тогаш Данко се вратил од другата соба и и рекол Бабо ако немаш пари ќе има секс.

Тогаш скокнал врз неа, а кога таа пружила отпор, почнал да ја удира со клоци и тупаници по целото тело, но и таа не му останала должна па го повредила удирајќи го по половиот орган.

Набрзо стигнала полицијата, а напаѓачот бил совладан.

 

 

 

Оцени ја веста

22.11.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега