Монструм: Силувал 3-годишно девојче, па се обидел да го убие

Тригодишната Неелофар е во критична состојба во болница во Кабул, откако паднала во рацете на педофил и силувач.

Неелофар си играла со останатите деца пред семејната куќа, кога мажот ја киднапирал и ја одвел до блиската градина. Според зборовите на медицинскиот персонал, мажот го силувал девојчето, а потоа се обидел да го убие. Се гледаат траги на нејзиниот врат, рекол докторот кој се грижи за девојчето.

Девојчето преживеалo благодарение човек кој поминувал покрај градината во која манијакот се изживувал над неа, слушнал плач и го нашол девојчето кое крварело. Тој ја однел во блиската џамија. Таму и пружиле прва помош, а потоа бабата ја однела со такси во болница.

Во врска со овој случај, наводно бил уапсено 18-годишно момче, сосед и познаник на семејството.

Таткото од девојчето, Абдул, стравува дека нејзиниот живот сега практично е готов. Во патријархалното општество во Авганистан, жртвите од силување се изопачени, дури се сметаат за проститутки, а речиси никогаш не се мажат затоа што врз нивните семејства е навлечен срам.

Локалната полиција ветила дека ќе спроведе судска постапка, што порано, за да се казни злосторникот со смртна казна.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 22:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега