Градоначлничката војна Жерновски и Јакимовски ја продолжуваат на суд
Жерновски ја смени тактиката. До сега само се жалеше, а од сега, реши да тужи. Лидерот на ЛДП и градоначалник на општина Центар, најави тужба за клевета против градоначлникот на Карпош, Стевчо Јакимовски
„Во врска со објавеното интервју на Г-дин Стевчо Јакимовски, во дневниот весник „Вечер“ на ден 18.11.2014 година, под наслов:„Жерновски ноќе плаче по амбасади – дење прави инциденти!“, најавувам дека, после повеќе изречени навреди и клевети на разни начини и во разни прилики на кои не сакав да одговорам, препишувајќи го сето тоа на стилот и начинот на кој Г-дин Јакимовски се пресметува со сите кои не мислат и не дејствуваат како него, овој пат ќе поднесам тужба пред надлежниот суд, со која ќе барам да се утврди неговата одговорност за клевета и навреда, согласно на одредбите од Законот за граѓанска одговорност, за изјавените клевети, навреди и инсинуации во споменатото интревју, со цел, односно со намера да наштети на мојата чест и углед како личност, градоначалник и како претседател на политичка партија“ - стои во соопштението на Жерновски кое го пренесуваат медиумите на СОРОС.
Интересно е што токму кадар од листата за советници во општината каде градоначлник е Жерновски лажно се претставуваше како новинар на весникот Вечер за да снима на седницата на општинскиот совет.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа