Ново намалување на бројот на државни службеници во Грција
Меѓународните кредитори на Грција се очекува да побараат од земјата итно намалување на бројот на државните службеници за време на претстојната денешна средба со владините претставници за серијата мерки за штедење, јави ДПА.
Сепак, Атина е решена да побара продолжување на рокот со цел да одлучи кои службеници да ги отпушти, односно да спои или затвори голем број државни претпријатија.
Меѓу останатите прашања на дневен ред ќе се најде и собирањето даноци, програмата за приватизација и потенцијалното намалување на 23-процентниот данок на додадена вредност во секторот на прехранбените услуги.