„Бомбата“ на Заев - турска серија
Заев тргна па се повлече. По серија силење и закани, опозицискиот лидер денеска се повлече на фрлената ракавица од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата на власт му порача на лидерот на СДСМ да прави што сака и кога сака да објави се што има за објавување.
„ Така, таа бомба, според нив, ќе треба за 3 дена да ја натера владата со наведната глава да се повлече, таа бомба задирала во меѓуетничките односи, и во којзнае уште што, таа бомба можела да наштети на државата, но сепак тие, иако не сакале, ќе ја активирале, таа бомба била многу опасна; па имаше и разни шпекулации што се содржи таа бомба, па нагаѓања, со цел кај јавноста да се создаде свесност и исчекување на темите кои опозицијата сака да ги наметне.
Исто така, во целата таа нивна еуфорија, бевме прозивани ако сме биле чесни да побараме од нив да го објават тоа што го имаат.
ВМРО-ДПМНЕ со ова соопштение до јавноста јавно го повикува лидерот на СДСМ г -динот Зоран Заев да објави се што има да објави.
ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за сите можни сценарија, свесни за сопствените вредности и принципи, и водени од интересите на државата и нашите граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ никогаш досега, а ниту во иднина нема да подлегнува на притисоци и уцени, и вакви сценарија, без разлика од кого доаѓаат“ -стои меѓу другото во соопштението објавено од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев пред неколку дена на партиска трибина и порача на власта, дека ако е чесна, треба да побара од него да ги извади доказите. Кога власта тоа го стори, Заев ретерира.
„ Граѓаните имаат право да ја знаат вистината за начинот на владеење на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите аргумети и докази СДСМ ќе ги објави согласно стратегијата на партијата.“ - напиша СДСМ во своето соопштение.
Во јавноста веќе се коментира дека најавата на Заев и неговата „бомба“ се претворија во турска серија со безброј продолженија.
Граѓаните го паметат односот на опозицискиот лидер во периодот пред изборите кога т.н. афера Македонска Банка ја најавуваше цела недела.
Инаку лидерот на СДСМ веќе го брендираше „објавувањето на афери“ кои подоцна се докажуваат како класична лага за што постои и суска пресуда според која тој е задолжен да плати 50.000 евра за клевета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа