До сега собрани само 200 евра - да донираме и да и помогнеме на Тамара

 

Покрај искривувањето на р'бетот, на малечката Тамара ѝ се појавиле проблеми со дишните патишта и бронхитис. Операцијата мора да се направи итно бидејќи може да се јават проблеми и со срцето и други органи кои ги притиска искривувањето.

Засега има само 200 евра на девизната сметка што ја отвори семејството на десетгодишната Тамара Димовска од Велес.

Таа има искривување на р'бетот поголемо од 80 отсто и затоа е потребна итна операција која чини 30 илјади евра.  

Од вчера операторот "Т-Мобиле" отвори телефонски број за донации, 070 143-115, а истото денеска го стори и операторот "ВИП" чии корисници можат да донираат на 077 143-123.  

Од семејството информираат дека процедурата за отварање на број за донации кај операторот "Оне" сеуште е во тек.  

Според последните информации, искривувањето на р'бетот за една година се зголемило двојно, од 40 на 80 отсто и затоа сега малата Тамара има проблеми со дишните патишта и бронхитис. Доколку операцијата не се изведе во најкус можен рок можно е да се јават проблеми на срцето и други органи кои ги притиска р'бетот 

18.11.2014 - 20:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега