Изменет сообраќаен режим низ делови во Скопје

На кружниот тек кај Порта Влае, кој се наоѓа на поранешната крстосница помеѓу булеварите “Партизански одреди” и “Ѓорче Петров” и улицата „Ацо Шопов“ утре ќе биде воведен привремен сообраќаен режим, односно оваа кружна крстосница целосно ќе биде затворена за сообраќај.

Како што соопшти Градот Скопје, привремениот сообраќаен режим се воведува поради вршење на градежни работи.

Градот Скопје апелира до сите учесници  да не ја користат оваа сообраќајница и да се движат по други сообраќајници.

13.11.2014 - 19:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега