Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните  дека заради технички зафати во електро-системот на ден 14.11.2014 (петок) без електрична енергија ќе останат:  од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците: Петар Манџуков, Бутелска, Никола Канински, Марко Крале, Пребондова и Мостарска. (о. Бутел), од 09.00 – 15.00 часот бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, од бр. 160 – 186; ул. Џумајска од бр. 23 – 50 и ул. Миле Поп Јорданов  (о. Карпош), од 10.00 – 12.30 часот ул. Бриселска, броеви 1, 3, 5 и 7 (о. Карпош)   и од 08.30 – 15.00 часот селата Паничари, Раовиќ, Арнакија, Долна Арнакија, Семениште и Глумовска Кривина (о. Сарај).

 

 

13.11.2014 - 15:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега