YouTube воведува претплата - 395 денари месечно

 

YouTube се претвори во најголемиот музички сервис на светот, а вчера оваа компанија ги претстави новостите со кои дополнително ќе се подобри овој сервис…

На апликациите на страницата на YouTube ќе има ново јазиче наменето за љубителите на музика, во кое ќе има издвоени музички спотови, препорачани плејлисти, базирани на музиката што ја слуша корисникот и песните кои моментално се во тренд на YouTube. 

Тука ќе се наоѓаат и песни од каналот на кои се претплатени корисниците, а во текот на следните неколку дена корисниците еднсотавно ќе можат да ја пронајдат целата дискографија од музичарите. Ова е одлична вест за сите љубители на музика, кои конечно едноставно ќе ги бараат сите албуми и песни од омилените музичари на само едно место.

Другата новост е дека ќе има и претплата. Новиот претплатнички сервис YouTube Music Key ќе овозможи слушање на музика и гледање на видеа без огласи, репродукциски музички видеозаписи, дури и кога екранот е заклучен, а на корисниците ќе им биде најинтересна опцијата за слушање на музика офлајн. Промотивната цена е 7.99 долари месечно.

 

 

13.11.2014 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега