Жан Клод Мињон од утре во Македонија

 

 

Претседателот на Парламентарното Собрание (ПС) на Советот на Европа (СЕ), Жан Клод Мињон, од утре до 12 јуни ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Посетата ја остварува на покана на претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.

Собраниската служба за информирање соопшти дека утре Мињон ќе има средба со својот домаќин Вељаноски, а задутре ќе се обрати пред Собранието на Република Македонија, во рамки на 63. седница. Пред почетокот на седницата Мињон ќе се потпише во Книгата за впечатоци во Собранието.

Во тек на посетата претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа ќе има средби и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, шефот и членовите на Делегацијата на македонското Собрание во ПС на СЕ, координаторите на пратеничките групи во Собранието, како и вицепремиерите за спроведување на Рамковниот договор и за европски прашања,  Муса Џафери и Фатмир Бесими.