Грција: Екстремистите од „Заговор на црвените ќелии“ повторно напаѓаат
Грчката екстремистичка група „Заговор на црвените ќелии“ соопшти дека е одговорна за поставување на темпирана бомба пред куќата на директорот на атинскиот затвор Коридалос, која експлодира во петокот.
Групата наведе дека бомбата ја поставила под автомобилот на Марија Стефи, директорка на Коридалос,во атинското предградие Дафни. Стефи во нападот не е повредена.
Според проценките на полицијата бомбата имала еден килограм динамит.
Непознато лице во петокот преку телефон ја предупреди редакцијата на еден грчки портал дека бомба ќе експлодира за 20 минути.
- По речиси две години тишина, бомба е поставена под возилото на директорката на затворот и тоа е првата капка пред бурата. Тоа е сторено во знак на солидарност со нашите десетмина браќа, кои се во затвор, наведе групата преку соопштение.