Пронајден мртов претседателот на „Војводина“ - од што умре Ратко Бутуровиќ?
Претседателот на Фудбалскиот клуб „Војводина“, Ратко Бутуровиќ (57), познат како Бата Кан Кан, е пронајден мртов во хотелот „Парк“ во Нови Сад, кој е во негова сопственост, соопшти новосадската полиција.
Истражниот судија на Високиот суд во Нови Сад, Мирослав Алимпиќ изјави денеска по извршениот увид во апартманот во хотелот, дека не е пронајдено ништо што би укажувало дека станува збор за насилна смрт.
Алимпиќ истакна дека во вршењето на увидот помогнале криминалистичката техника и судските вештаци, кои дале свое мислење за причината за смртта.
- Прегледана е и медицинската документација, Во и околу самиот апартмант нема никакви траги, кои би укажувале дека смртта настапила на друг начин, освен како природна смрт, рече Алимпиќ, кој додаде дека смртта настапила во текот на претпладнето.