Вицепремиерот Пешевски се сретна со Луиза Винтон

Теми поврзани со економијата во кои УНДП овозможува техничка и експертска поддршка во процесот на евроинтеграција на земјава беа тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски со постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНДП и УНФПА во Република Македонија, Луиза Винтон.

За време на средбата соговорниците ја поздравија досегашната соработка помеѓу Владата на Република Македонија и агенциите на Обединетите нации, нагласувајќи ја значајноста на натамошното подобрување на соработката во сите области кои претставуваат заемен интерес.

Вицепремиерот Пешевски, информираат од неговиот Кабинет, истакна дека македонската Влада презема низа мерки за економскиот и социјален развој на државата, како и да се одговори на предизвиците значајни за успешната интеграција на земјава во НАТО и ЕУ, притоа нагласувајќи дека Македонија ја цени поддршката која ја добива од тимот на УНДП во овој процес.

Соговорниците, додаваат, се  согласија дека нашата држава се движи на вистинскиот пат и изразија задоволство од досегашната успешна соработка на веќе реализираните, но и тековните проекти во Кабинетот кои се поврзани со Националната стратегија за одржлив развој и подготовка на Акциски план за одржлив развој, како и проектите од областа на земјоделството. 

06.11.2014 - 14:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега