Намалени цените на угостителските услуги

 

Цените на угостителските услуги во октомври годинава бележат зголемување за 0,1 отсто во однос на претходниот месец. 

Споредено по групи на  услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1 отсто и Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто. 

Цените на угостителските услуги во октомври 2014 година, во однос на октомври лани, се намалени за 1,3 проценти. 

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - октомври 2014 година, во  однос на тој период од минатата година, е намален за 0,8 отсто, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,4 отсто, говорат податоците на Статистика.

05.11.2014 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега