Директорката на Комората во Илиноис импресионирана од условите за инвестирање во Македонија

 

Директорката на Стопанската комора на Илионис, чии членови се компании од листата Fortune 500 (листа на 500 најдобри компании), Лаура Ортега, истакна дека е импресионирана од можностите кои Македонија ги нуди за инвестирање.

- Имаме околу 3.500 членови во Илиноис, од големи до средни и мали претпријатија. Најголем дел од нашите членови се компании од листата Fortune 500, кои имаат канцеларии во Илиноис, посочи Ортега.

Таа додаде дека присуствувала на голем број на бизнис форуми низ светот но најмногу ја импресионирале токму можностите за започнување на бизнис во Македонија.

- Импресионирана сум од презентациите кои ги слушнав вечерва за Македонија и можностите кои ги презентираа. Компаниите зборуваа за бизнис климата. Како што реков, импресионирана сум и подготвена да ја пренесам оваа информација во мојата компанија за да се оствари потенцијална соработка, истакна Ортега.

05.11.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега