Битола: Им рекол дека поминале на црвено па завршил со скршено ребро
Вчера 65-годишен битолчанец завршил со скршено ребро бидејќи на двајца свои сограѓани кои биле на мотор им кажал дека поминале на црвено.
Се работи за М.П. од Битола кој вчера на улицата „Филип Втори Македонски“ , додека управувал со своето возило марка „Сеат тера“, забележал како двајца моторџии поминуваат на црвено, по што го отворил прозорецот од автомобилот и ги предупредил двајцата моторџии, но тие се налутиле, застанале и го удирале со тупаници, од што битолчанецот завршил со скршено ребро.
Полицијата превзема мерки да ги пронајде сторителите.