Жерновски: Победивме заслужено

Новиот градоначланик на општина Центар, Андреј Жерновски преку социјалната мрежа facebook им се заблагодари на сите поддржувачи. На својот профил Жерновски пред еден час ја испрати пораката, потенцијрајќи дека најмногу му значи што им донел насмевка на граѓаните.

„Ви благодарам на сите за огромната поддршка. Победивме заслужено !!! Но, најмногу ми значат оние безброј широки и искрени насмевки што ги видов вчера и денес. Нема поубава работа на светот од тоа да донесеш некому НАСМЕВКА.“ - напиша Жерновски

Тој по прегласувањето во вториот круг забележа убедлива победа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија со 3051 глас разлика.