Погледнете одлична претстава - почнува 8. издание на „Скупи фестивал“

 

Со претставата „Сите птици се веќе таму“ на германскиот режисер Еберхард Колер денеска ќе биде отворен 8. Меѓународен театарски фестивал „Скупи фестивал“.

Претставата е копродукција на Шлахтхаус Театарот од Швајцарија и Театр Поколениј од Русија. Дејството се случува во 1915 година кога се одржува тајната конференција на меѓународните и руските револуционери позната како средба на орнитолози. Претставата има естетика на руски нем филм од 20-тите години, а дејството се развива од реалистична акција кон секвенци на сон во кои учесниците се претопени во светот на руските бајки.

За време на седумте фестивалски денови ќе бидат изведени осум изведби на седум претстави кои ќе се одиграат на сцените на Младинскиот културен центар и Театар Комедија. 

Годинашното издание се одржува под мотото „Даски и маски“.

31.10.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега