Слатко од зрели смокви
- 45 смокви (зрели не лупени)
- 1кг. шеќер
- 1,5л. вода
- 1 лимон
Подготовка.
Смоквите ги миеме ја одстрануваме дршката.
Шеќерот и водата се ставаат во пошироко тенџере и се варат додека водата не почне да врие. Во тенџерето внимателно се редат смоквите и на тивко се варат околу 2 часа. Најдобро е смоквите да бидат во еден ред, затоа треба пошироко тенџере. Не се мешаат, само повремено се протресува тенџерето. Лимонот добро се мие и се сече на тенки тркалца. Во смоквите што се варат се додава лимонот и се вари уште 30-ина минути.
Топлото слатко се сипува во топли тегли.
Добро се затвараат и се чуваат на темно и ладно место.
30.10.2014 - 13:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа