24 Вести: Пропадна бојкотот на Заев - пратениците се враќаат во Собрание

 

Пропаѓа бојкотот на Заев и СДСМ. Дел од пратениците за 24 Вести, телевизија блиска до опозицијата велат дка по вчерашниот состнаок на Бихаќка речи си одлучиле да се вратат во Собранието. Телевизијата не открива за колкава бројка станува збор, но пренесува дека атмосферата на вчерашниот состанок бил исклучително тензична и дека имало размена на остри и високи тонови на релација раководство - пратеници.

Пратениците барале од Заев ако верува во идејата за бојкот да си поднесе оставка во општина Струмица, барање кое лидерот го одбил.

Тој според 24 вести им рекол на сопартијците дека нема друго решение освен бојкотот и дека имал голема афера за премиерот Груевски која ќе го натерала да ги прифати барањата на опозицијата.

Заев ги карал своите пратеници затоа што ги брифираат медиумите и побарал да не излегуваат информации од вчерашниот состанок.
По него партијата испрати соопштение дека остануваат цврсти на ставот за бојкот и дека нема враќање во Собранието.

Вакви ставови не се ншто ново во опозициските редови. Речи си секогаш без склучок „бетон позицијата“ на Бихаќка брзо омекнува па ставовите се менуваат во последен момент.

Познавачите на состојбите се уверени дека ќе има поголем број на пратеници кои ќе се вратат во Собранието а на вчерашното соопштение на СДСМ не му даваат никаква важност. Според нив, доколку се случи дел од најблиските на заев да останат на бојкот извсно е дека на нивните места ќе дојдат пратеници од пониските места на кандидатските листи и сите пратенички столчиња ќе бидат пополнети.

Истовремено според нив, обидот на Заев со некаква афера да ги убеува своите сопартијци дека ќе го натера Груевски да ги прифати неговите барања се само доказ дека во СДСМ ситуацијата е пред експлозија. Последниот обид на Заев со наводна афера да извлече политичка корист заврши во Граѓанскиот суд којм наложи да му палти оштета од 50.000 евра на премиерот Груевски откако беш утврдено дека цела предизборна кампања ја лажел македонската јавност.

29.10.2014 - 23:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега