Не запира хоророт во Турција - демонстрантите подготвени да бунтуваат цел викенд

 

Илјадници демонстранти кои протестираат против политиката на Владата на Реџеп Таип Ердоган, ја поминаа ноќта во импровизирани шатори на истанбулскиот плоштад Таксим, подготвувајќи се за нова серија протести, кои можат да траат цел викенд.

Шатори има поставено и во паркот Гези, чија реконструкција предизвика бран демонстрации во земјата.

Во паркот дури е оспособена и импровизирана детска градинка со библиотека со детски книги на отворено и игралиште за демонстрантите, кои ги поминуваат ноќите таму со своите деца.

Дел од западните медиуми јавуваат дека во Њујорк утре се очекува илјадници луѓе да се вклучат во демонстрации во поддршка на протестното движење во Турција.

најчитано сега