Сто успешни приказни - сто договори за работа на Саемот за вработување во Скопје

100 успешни приказни по првиот скопскиот саем за вработување што го реализираат Владата и Агенцијата за вработување. Повеќе од 100 посетители веќе добија договори за работа во домашни и странски компании, изјави директорот на агенцијата за вработување Влатко Поповски за Индекс на Радио Слободна Македонија.

Останатите, повратна информација од компаниите кои беа присутни на саемот ќе добијат за две недели откако ќе измине рокот од 30 дена што го имаат работодавачите да се произнесат по оставеното cv на секој посетител на саемот.

 - Овој саем што за прв пат се реализира во земјава, покрај скопје ќе биде организиран и во неколку други градови низ македонија. Минатиот петок саем за вработување се случи во Неготино.

Според Поповски саемот го посетија 5000 посетители, а беа присутни 36 компании. Од нив, вели Поповски дури 30 имаа потреба од работници.

Најбарани професии воопшто во земјава се работници од ИТ секторот, машински, градежни, автоматски инжињери итн. Во подготовка нова листа на најбарани професии на ниво на Македонија, таа ќе биде готова кон крајот на ноември.

Странските компании за ангажирање на потребен односно соодветен кадар веќе почнаа соработка со универзитетите, а од неодамна и со средните училишта каде се формираат и специјални паралелки кои ќе ги насочуваат учениците кон оперделена дефицитарна професија, добро е тоа што компаниите веќе нудат и стипендии но и обука на работници во рамки на своето работење, вели Поповски.

Поповски ги поддржува измените во однос на законот за минимална плата, во делот на зголемувањето но најмногу во делот на казните. Според него, работодавците имаат обврска да го почитуваат законот и да ги почитуваат правата на работниците.

29.10.2014 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега