Индустриското производство поголемо за 9,1 отсто

 

Индустриското производство во септември е зголемено за 9,1 процент во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст има во секторите Рударство и вадење камен за 7,7 проценти, Преработувачката индустрија за 12,9 проценти, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има намалување од 15,9 проценти. 

Гледано по главните индустриски групи, зголемување има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 проценти, Капитални производи за 64,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,3 проценти.

Опаѓање се бележи кај Енергија за 11,1 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 8 проценти.

Во периодот јануари - септември индустриското производство е зголемено за 4,8 отсто во однос на истиот период 2013 година, говорат податоците на Статистика.

29.10.2014 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега