Државата се закани: Ќе бидеме безмилосни кон газдите кои нема да исплаќаат минимална плата
На околу 7.500 работници лани не им била исплатена минимална плата, а 46 работодавачи не постапиле по укажувањата на Државниот инспекторат за труд и во законскиот рок не ја исплатиле најниската плата. Против нив се поднесени прекршочни пријави.
За да се спречи ваквата практика во иднина работодавачите кои нема да исплатат минимална плата ќе плаќаат поголеми казни. Тие ќе се движат од 6000 до 7000 евра, ако делото се повтори казните ќе бидат поголеми, а санкции ќе има и за одговорните лица во фирмите.
Синдикатот ги побара измените во законот за минимална плата за да се спречи натамошното злоупотребување на работниците.
Во однос на гласините дека работодавачите исплаќаат минималец, а потоа работниците на рака им ги враќаат парите, министерот за труд апелира оштетените да ги пријават случаите за да може државата да преземе мерки.
Минимална плата во земјава се воведе во 2012 година. Од тогаш континуирано расте, во моментов изнесува 8.800, а од јануари догодина ќе се зголеми на 9.590 денари. Во 2016 ќе стигне до 10.080 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа