Еве како да влезете во тајното мени на вашиот Самсунг Галакси
Samsung Galaxy смартфоните имаат тајно мени кое овозможува проверка најразлични функции и до кое лесно може да пристапите. Оваа опција за првпат беше забележана од страна на Андроид централ, а многумина од вас кои поседуваат ваков телефон сигурно не сте ја знаеле. Доколку сакате да пристапите кон ова тајно мени, на тастатурата на телефонот внесете *#0*#. Преку менито може да се тестираат вибрациите, боите, осетливоста на екранот на допир, силата на звучникот и слично. Преку системот може да се направи и проверка на сензорите, па со притискањето на функцијата „sensor“ ќе се отворат податоците за нивното функционирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа