Заев се фалеше пред жените: Груевски ме копира

 

Опицискиот лидер Зоран Заев денеска на средба со партиските организации на жените социјалдемократи рече дека силно верува во својата стратегија и дека ВМРО-ДПМНЕ го копира.

„Силно веруваме во Стратегијата, во сите четири столба. Нејзината реализација е гарант за враќање на демократијата и просперитет на Република Македонија. Ќе останеме фокусирани на овој партнерски однос со граѓаните. Гледаме дека власта сака да копира некои наши активности но тоа е само бледа копија без суштина. Ние работиме заедно со граѓаните и така ќе продолжиме. Заедно да ја вратиме Македонија во вистинската насока.“ рече Заев.

Интересно е што првата фаза од стратегијата на Заев беше 5.000 тимови да посетат над 300.000 домови низ Македонија. Иако Заев вели дека оваа актиност одлино се реализира, тим на СДСМ пред својата врата, се уште не видел никој.

25.10.2014 - 21:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега