Ахмети најави повлекување од претседателското место во ДУИ па се пишмани
Иако најави дека ќе се повлече од претсеадтелското место во ДУИ лидерот Али Ахмети се пишмани, пишува Дневник. Во изјава за една албанска теелвизија аХмети рече дека ќе се повлече од лидерската позиција кога Македонија ќе стане членка на НАТО.
Иако оваа изјава има временски рок кој е релативен, во ДУИ, како што пишува Дневник, веднаш побрзале да демантираат.
Изјавата ја даде за да истакне колку му е битно членството во НАТО. Не треба да се очекува Ахмети да се повлече од лидерската позиција во ДУИ и од политиката додека не ја оствари мисијата за евро и евро-атлантска интеграција на Македонија - велат од ДУИ Дневник
Според функционери на ДУИ, потврда оти не станува збор за брзо заминување на Ахмети е дека ниту тој ниту во партијата не се подготвува кадар за негов наследник. Иако ДУИ од основањето во 2002 година досега одржа три конгреса, Ахмети на ниту еден конгрес немаше противкандидат за функцијата претседател на партијата. Во претконгресен период во неколку наврати се пуштаа информации дека апетити за лидерската функција имаат потпретседателите Теута Арифи и Изет Меџити, но тие ова го отфрлаа како шпекулации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа