Министерот Попоски на Форум за безбедност во Женева
Министерот Попоски ќе биде дел од форумот кој ќе се одржи од 22 до 24 април во Женева.
Министерот ќе има обраќање во рамките на панел дискусијата на тема: “Ревитализација на ОБСЕ – Невозможна мисија? “
Во својот настап, министерот Попоски предвидено е да се осврне на предизвиците со кои се соочува меѓународната безбедносна заедница во контекст на транзиционите процеси во регионот на ОБСЕ. Воедно, тој ќе даде свое видување за новиот “процес Хелсинки + 40”, што е резултат на позицијата на земјите членки да се зајакне организацијата со цел за поефикасно справување со постојните и новите безбедносни предизвици.