Македонска тава

 
  • 500 гр свински врат (свежо месо)
  • 500 гр пилешки гради
  • 250 гр свежи печурки шампињони
  • 150 гр сушена сланина
  • 100 гр мешан кашкавал
  • 500 мл млака вода
  • 150 мл павлака за готвење (неутрална)
  • 1/4 од китка магдонос
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица мелен црвен пипер
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 2 ловорови листа
  • 1 мало лажиче мелен бибер
  • 1 лажица буковец
  • масло по потреба
  • Ако сакате вкусен, богат ручек кој изобилува со месо, повелете рецепт.

    1. Месото го сечкаме на мали парчиња, едно парче-едно залче. Сланината ја сечкаме на коцки, а печурките на листови.
    2. Прво го динстаме свинското месо, прелиено со вода. Откако ќе се свари, додаваме масло и го упржуваме. Го вадиме од тавата. Во истата тава го ставаме пилешкото месо и го упржуваме. Го вадиме од тавата. Ги ставаме печурките и сланината и нив ги пржиме, сланинката да ни поцрвени, а печурките да ни омекнат.
    3. Сите испржени состојки ги ставаме во тава. Брашното го мешаме со малку вода, за да нема грутчиња. Го раствораме во млаката вода и заедно со павлаката го преливаме месото. Ги додаваме зачините, промешуваме и ја покриваме тавата со капак.
    4. Ја ставаме во загреана рерна на 250 степени. Кога ќе почне да врие месото, за некои 10-15 минути, го тргаме капакот и продолжуваме да го печеме на 200 степени, додека да ни се зацрвени месото и да ни се згусне сосот во кој што го печеме. Кога ќе биде испечено месото рендаме на крупно кашкавал врз него и го оставаме да се стопи.

    Извор: Мои рецепти


24.10.2014 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега