10 години затвор за педофилот кој напаѓаше во Карпош

 

Кривичниот суд го осуди 28 годишниот педофил И.Г. на десетгодишна затворска казна. 

Според обвинението, скопјанецот во ноември 2012 и јануари 2013 година нападнал три малолетни девојчиња во Скопје. Првата жртва. И.Г. ја следел и нападнал на плоштадот Македонија. Тој го однел малолетното девојче во зграда во близина, но, за среќа девојчето успеало да му помогне. Во вториот случај, И.Г. нападнал 10 годишно девојче, среде бел ден во скопската населба Карпош 4. Педофилот ја соблекол малолетничката, почнал да ја допира, но, девојчето успеало да се ослободи од неговите канџи и да избега. И третата жртва на И.Г. успеала да се спаси од силување. Во овој случај, педофилот нападнал девојче во населбата Карпош 3.

Полицијата го уапси И.Г. на 27.јануари и оттогаш е во притвор.