Прочитајте зошто треба да пиете вода со лимон наутро

Ако го започнете денот со чаша топла вода со лимон, ќе добиете многу позитивни ефекти на организмот и на целокупното здравје. Овој метод се практикува во Ајурведата веќе со векови, а еве и зашто водата со лимон треба да ја воведете во својот утрински ритуал.

Го помага варењето

Не само што топлата вода го стимулира системот за варење, туку и лимонот го стимулира и чисти црниот дроб. Истотака, лимонот и помага на желудечната киселина подобро да ја свари храната.

Го подига имунитетот

Цитрусното овошје, во кое спаѓа и лимонот, е богато со Ц витамин и аскорбинска киселина. Витаминот Ц помага во борбата со настинката, а аскорбинската киселина помага за подобра апсорпција на железото кое игра важна улога во зајакнувањето на имунитетот.

Го алкализира организмот

Ако вашето тело е во хроничен pH дисбаланс, имате поголеми шанси да се разболите. Иако лимонот е кисел, тој во телото се претвара во база и го алкализира, а со тоа брзо и лесно ќе ја избалансирате pH вредноста на својот организам, поготова ако исхраната ви е богата со месо и млечни производи.

Го детоксифицира организмот

Лимунадата е природен диуретик, што значи дека му помага на телото да ги исфрли течностите и токсините. Цитрусната киселина го зголемува и бројот на ензимите кои го стимулираат црниот дроб.

Дава енергија

Многумина тврдат дека топлата вода со лимон, после неколкудневно редовно конзумирање, подобро ги буди од кафето. Комбинацијата на вода и лимун помага во хидратација и оксигенација на крвта, поради што потоа се чуствувате фантастично.

Ја одржува кожата убава

По хронична дехидрација, кожата може да изгледа уморно и суво. Витаминот Ц игра главна улога во одржувањето на здрава кожа, а антиоксидансите се борат со стареењето. 

20.10.2014 - 12:21


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега