Ебола... повторно местенка...? – отпорен на куршум и ебола!

Без заштитно одело на чекор од еболата: Кој е таинствениот човек кој не познава страв?

На интернет се појави снимка од човек кој учествувал во префрлувањето на медицинските сестри заразени со ебола, а истовремено не носел заштитна опрема. 
Амбер Винсон, заразената медицинска сестра, е префрлена од Далас во Атланта со посебен медицински лет од Phoenix Aira, пренесува ABC News.

Додека остатокот од екипата бил облечен со заштитно одело, на снимата се гледа четвртата личност, во навидум секојдневна облека.

Тој намерно не е во заштитно одело

Снимката која го покажува човекот без заштита крена многу прашина во медиумите, аPhoenix Air објави сторија во која ја објасни целата ситуација.

„Нашиот медицински тим во заштитно одело има ограничено движење и видно поле, така што на нив им е потребен надзорник според протокол кој ќе внимава на нив, им дава вербални упатства, за да се осигура да не дојде до опасен контакт и нарушување на протокотло“, стои во објаснувањето. 

„Ова е вообичаена пракса која овозможува уште поголема сигурност за сите кои се вклучени во целата процедура“, изјави портпаролот на Phoenix Aira.

17.10.2014 - 14:11


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега