Се отвори Антиќ: Знам за сите подмолни игри на Стефанов

Малку е контрадикторно некој да дава изјава за мене и притоа да тврди дека не се замара со мојот лик и дело. Јас во ниеден момент не споменав име на сликата што ја поставив, кој како се пронашол е уште еден доказ за моите зборови. Ова ќе биде мое последно обраќаење на г-дин Стефанов.

Ова во ексклузивна изјава за КУРИР го вели првиот Македонец кој настапува во американската НБА лига, Перо Антиќ, откако Врбица Стефанов денеска изјави дека не му се јасни фрустрациите кои Антиќ ги искажувал кон него. Стефанов нагласи дека Антиќ му е еден од ликовите на кого не троши време за анализирање, но и дека му е жал за децата на кои тој им е идол.

-Мразам неправди, мразам лицемерие, мразам луѓе што забораваат кој кога и колку им помогнал во животот. Знаеш многу убаво за што зборам, а и јас знам за сите подмукли игри и сопки на мојата кариера од твоја страна. Не сум пресметан и не бирам зборови за да ја кажам вистината. Ова не е медиумска војна, ова е став на човек кој е долги години во спортот. Ти си го бираш начинот на кој си ја градиш твојата кариера според твојот карактер, жал ти е за децата на кој сум им идол. Е тоа е исфрустрирана изјава. Твоите навреди упатени на сметка на мојата кариера, фамилија и се поврзано со мене се фрустрација, вели Антиќ за КУРИР.

16.10.2014 - 16:31


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега