На овој човек лозинката му го променила животот

Маурицио Естрела дошол еден ден на работа многу нервозен. Каснел и се брзал. Имал уште 20 минути до состанокот. Во глава му се вртела една мисла „Како можеше тоа да ми го направи?“ Бил во процес на болен развод. Во тој момент компјутерот му покажал дека неговата лозинка истекла. Имал малку време до состанокот, а пред себе имал препрека, чисто губење на време. На работа  лозинката морала да биде со минимум осум знакови, една голема буква, бројка и не смеело да се повторуваат.

Тогаш Маурицио се сетил на советот на својот поранеш шеф: Користи лозинка со која ќе си го смениш животот. Бил целосно свесен за целта која сакал да ја постигне. И тогаш му текнало. Негова нова лозинка ќе биде: Forgive@h3. или во превод „Прости и.“

Лозинката „Прости и“ морал да ја внесува неколку пати во денот, секој пат кога компјутерот ќе се заклучел, речиси цел месец.

Таа едноставна работа му го променила мислењето во врска со неговата поранешна жена, во врска со бракот и депресијата во која се повеќе навлегувал. Расположението драстично му се поправило, а веќе кон крајот на наредната недела почувствувал дека лозинката станува неефективна. Веќе навистина и простил.

После тоа сфатил колку лозинката, односно повторувањето на некој збор постојано може да влијае на неговиот живот, да промени нешто што отсекогаш сакал да смени, а не бил доволно цврст и да цели кон нови предизвици.

После месец дена неговата нова лозинка била Quit@smokin4ever (престани да пушиш засекогаш). Престанал да пуши преку ноќ.

Еве неколку негови лозинки и нивните (не) успеси:

  • Save4trip@thailand (штеди за патување на Тајланд) – три месеци подоцна тој и отишол таму. Патот и сместувањето ги платил со штедењето.
  • Eat2times@day (јади два пати на ден) – не успеал, сè уште има проблем со килограмите.
  • Sleep@before12 (легни си пред полноќ) – успеал.
  • Ask@her4date (викни ја на состанок) – успеал. Се заљубил повторно.
  • No@drinking2months (немој да пиеш два месеци) – успеал и се чувствува многу подобро.
  • Facetime2mom@Sunday (разговарај со мама преку Facetime во недела) – успеал. Разговара со мајка му секоја недела.
  • Save4@ring (штеди за прстен) – тоа е неговата нова лозинка, за која е сигурен дека ќе му го промени животот.

Маурицио сфатил дека лозинката навистина може да му го промени животот ако тоа го направи како што треба. Сега со нетрпение чека да дојде нов месец за да би сменил нешто ново. Оваа метода веќе ја користи две години и ја споделил со своите пријатели и семејството. Овде станува збор за малите навики кои може да имаат големо влијание врз неговиот живот и затоа одлучил да ја сподели оваа работа со целиот свет.

Неговата целосна приказна можете да ја прочитате на Huffington Post.

Извор: психологија

16.10.2014 - 16:37


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега