Преку вештачките временски неприлики ги истребуваат луѓето на Балканот

Последиците од намерно предизвиканите климатски промени ќе бидат страшни. Од земјите како Хрватска, Србија, БиХ и Македонија кои можат да ја нахранат пола Европа, до земјите кои останаа без ништо! На дело е манипулација со времето, во која окултни гаталци, стануваат модерни научници, а Кралевите и боговите станаа претседатели на држави!

Последните неколку години а особено ако погледнеме во последните неколку месеци ќе приметиме дека временските неприлики и промени се всушност неверојатни.

Од земјите кои имаа правилно распоредени временски годишни доби, до земјите со составени временски неприлики кои воопшто не припаѓаат на нашето поднебје.

Летните бури повеќе не се обични, грмотевиците звучат поинаку, сателитските снимки покажуваат формирање на облаци кои никогаш претходно не биле забележани. Не, тоа не се летни бури, кои доаѓаат и си одат. Тоа стана нормално и многумина не можат да се изначудат. Не сме се опоравиле ниту од последните поплави, а веќе мораме да се соочиме со нови.

Но не трпат само граѓаните. Секоја година жетвата е се полоша, приносите се се помали. Пропаѓа се, а најмногу штети трпат земјоделците и сточарите кои немаат храна за својата стока. Храната и семето едноставно пропаѓа од влагата.

Поради дождовите погодени е и туристичката сезона. Оние како Хрватска и Грција, земјите кои излегуваат на море, се фаќаат за последната сламка за спас, поради тоа што речиси и да колабираа. Сонче повеќе од три дена и речиси да не видеа. Туристите буквално бегаа пред дождот кој непрекинато паѓал.

Се поставува прашање дали ваквите временски неприлики, се дело на Бог или е во тек некоја нова битка против народот на овие простори. Дали овие нови временски неприлики се последица на современо климатско оружје кое се развива во последните 50 години,HAARP или пак станува збор за нешто друго?

Како и да е тие имаат оружје во рацете, а се наследници на сатанистите, кои го користат окултизмот за да завладеат со природните сили. Окултизмот како владеење со природните сили како една гранка од нашата историја, и денеска се наѕира во некои негови остатоци.

Што луѓето сметаат под окултизам? Штом се спомене зборот окултизам луѓето автоматски го поврзуваат со сатанизам, а ако се спомене зборот сатанизам луѓето автоматски го поврзуваат со луѓето во црните одбори кои се во кругот на пентаграмот кои жртвуваат деца и силуваат девојчиња.

Но окултизмот е нешто сосема друго, како и сатанизмот. Поимот Окултизам означува нешто скришно или тајно, а окултизмот сам по себе значи скриена работа. Секоја религија си има свој окултизам. Да ги земеме на пример Тибетанците, кои се вистински мајстори во контролата на своите умови и тела и постигнуваат како просечни луѓе невозможни работи.

Можеме ли за нив да кажеме дека владеат со природните сили? Ако да, тогаш тие се трудат да владеат со езотерични сили во своја корист.

Во почетокот на развитокот на нашата култура и религија, луѓето имале свои кралеви кои се давеле во божествени особености. Кралевите (денешни претседатели на големите развиени земји) можеле да го повикаат дождот, сонцето и да спречуваат болести и да даваат благосостојби. Кралевите воедно биле и богови.

Окултизмот е присутен меѓу луѓето од најраниот почеток, но дали постои можност за владеење на некои езотерични сили? Малкумина кој денеска може да поверуваат во постоењето на некои црни магии или фрлање на уроци на некои народи, иако постојат голем број на култури кои ни пружаат непобитни докази за тоа да истите се користат.

Сите сме слушнале за индијански врачеви кои ги повикуваат дождовите, но каде се доказите дека дождовите стигнале со помош на обредите, а не дека дошло до природно нарушување на времето?

Совладувањето на природните сили, служи како природна рамнотежа, а човекот бил уверен дека може да го подобри или дури промени нејзиниот тек. Го убија своето божество уверени во обновата на животот поттикнати од следењето на постојаното обновување и умирање на природат во текот на годишните доби.

Стариот окултизам и неговите ритуали ја изгубија својата смисла за лесен живот кој го водиме, но на сцената стапи модерен ритуал и менување на временските прилики и манипулации со времето. Во манипулациите со времето, денеска, окултните гатаци станаа модерни научници, а Кралевите боговите станаа претседатели на држави.

Времето ќе покаже дали сме биле во право, но најважно е да знаеме дека никакво оружје и никакви мрачни сили на човекот не можат ништо, се додека човекот е со Бога, е свесен за Бога и неговата волја. Но, доколку само милиметар се оддалечиме од него, како народ, настапува манипулација која доведува до состојба на тешка зависност за убијците на човечкиот род за што сведочат бројни примери во светот.

Извор: Курир

16.10.2014 - 15:30


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега