Педофил среде бел ден допирал малолетнички пред училиште

47-годишен маж од Босна допирал девојчиња среде бел ден. Педофилот ги следел девојчињата до училиштето неколку денови по ред, а пред неколку дена остварил и контакт со нив.

- Едно од девојчињата се пожалило дека постар маж ја следи додека одела и се враќала од училиште и дека одел по неа се до лифтот во зградата во којашто живее. Детето почнало да вреска пред лифтот, по што мажот избегал. Едно од девојчињата го фаќал и мазел по главата и го бакнувал во уво, а другото пак го пипкал по нозете среде бел ден пред училиштето. Децата биле преплашени, мојата ќерка ми раскажа за сето ова, изјавила мајката на едно од девојчињата за Вечерњи лист.

Испаничените родители го пријавиле педофилот во полиција.

16.10.2014 - 13:43


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега