Макрадули, Бендевска и Спасовски фатени при пишување графити во општина Центар

 

Пратениците Јани Макрадули, Весна Бендевска и Оливер Спасовски утрово биле фатени при пишување графити во општина Центар. Како што дознава Press24 од полициски извори, полицијата, по пријава на граѓанин дека со  пишување графити се нарушува изборниот процес на улцата Народен Фронт во Капиштец  утрово по 7:30 часот излегла на терен за да ја провери ситуацијата. Граѓанинот пријавил дека лица со спрејови пишуваат по ѕидовите графити „Ова не е Пустец“ и „Има ли закон во Македонија“. На улицата каде што биле графитите, полицските службеници забележале поголема група меѓу кои и споменатите пратеници. Полицијата побарала од нив да се легитимираат, по што Бендевска и Макрадули се оддалечиле, а Оливер Спасовски бил запишан во полицискиот тефтер. Пратениците биле забележани на истата улица каде што било пријавено дека се пишуваат графитите но нема доказ дека тие ги пишувале, бидејќи според информациите на Press24, во нивните раце не биле забележани спрејови, ниту пак биле затекнати за време на пишувањето.
Полициските службеници, решиле на групата да и дадат само усмено предупредување. 
Информацијата ја потврди и полицијата, но од таму велат дека нема докази за вмешаност на пратениците во нарушувањето на изборниот процес. 

најчитано сега