ВИДЕО: Ова е човекот кој го спасил животот на 2 милиони бебиња

77- годишниот Џејмс Харисон од Австралија, иако не е толку познат, а би требало да биде. Ако не повеќе, треба сигурно да се прогласи за херој.

Изминатите 6 децении, овој човек спасил над 2 милиони бебиња, со донација на крвна плазма.

Харисон има ретка крвна група која содржи антитела за одбрана од Rhesus disease, смртоносна форма на анемија која ги погодува новороденчињата. Донирал над 1000 пати и се здобил со прекарот „Човекот со златна рака“. Освен останатите деца, за среќа тој успеал да си ја спаси и сопствената ќерка, Трејси.

Неговата приказна е одамна, но добро е да ја знаете, ако досега не сте слушнале за него.

Погледнете го видеото во кое е раскажана големината на Џејмс:

14.10.2014 - 15:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега