Го изгубив синот за само три минути: Зошто летал со авионот ќе ми биде нејасно додека сум жив

- Не можам да верувам што ме снајде, го изгубив синот за само три минути, рекол вчера за српски Курир таткото на 28-годишниот Бојан Јокисмовиќ кој загина заедно со новосадскиот бизнисмен 64-годишниот Томислав Џорџевиќ во авионската несреќа која се случи во Бачки Јарак.

Несреќниот татко дошол на ародормот во Бачки Јарак заедно со двајца роднини. Без глас гледаше во кобното место каде во саботата во 13 часот падна авионот по повод отварањето на новиот спортски аеродорм.

- Бојан не дека е мој син, но беше најдобар во се. На секој родител свое дете му е најдобро, но тој... Ух, многу ми е тешко. Зошто токму тој, ни на мравка не газеше, раскажува низ солзи.

- Томислав и јас бевме долгогодишни пријатели, Бојан не го ни познаваше. Томислав ме повика на отварањето на аеродоромот, но бидејќи јас бев спречен дојде Бојан. Камо среќа воопшто да не дојдеше, јас да бев сега каде што е моето златно дете, вели несречниот татко.

Тој се прашува како Бојан се нашол да го вози авионот.

- Никогаш не се има возено во таков авион. Зошто седел во авионот засекогаш ќе ми биде нејасно, рекол таткото.

 

 

 

14.10.2014 - 13:15


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега