ВИДЕО: Филаделфиски експеримент (1984) - успешно исчезна американскиот USS Елдриџ

 

Филаделфискиот експеримент е наводен таен експеримент на американската воена морнарица кој е изведен на 28 октомври 1943 година на доковите на бродоградилиштето во Филаделфија, кој тргнал во погрешен правец. Ваквиот настан е познат под тајното име проект Виножито.

Се претпоставува дека во експериметнтот се вклучени уништувачот USS Елдриџ, и покрај тоа што членовите на екипажот го негирале настанот. Сепак освен Ала Биелка за кого се утврдило дека на тој датум не бил ни во близина на бродот, па поради тоа не можел да просведочи за наводните случвања.

Овој експеримент имал големо влијани на развојот на разни теории на заговор.

Посојат различни верзии на приказната на оваа тема, кои делумно се разликуваат во некои детали, но, смислата на истата горе-доле е речиси идентична. Поголемиот број на сериозни научници ја отфрлија приказната како невистинита.

Експериментот се темели на теориските принципи на Алберт Ајнштајн со цел да се создаде електромагнетно поле околу воениот брод, кој ќе го направи бродот невидлив. Тестирањата наводно започнале во текот на летото во 1943 година и беше делумно успешно. На 22 јули УСС Елдриџ е направен целосно невидлив, а се што може да се забележи околу него е зелена магла, а некои од членовите по судењето се пожалиле на мачнина.

Следниот тест бил спроведен на 28 октомври и овој пат успешно. Елдриџ целосно исчезнал. Во исто време, тој бил виден во поморската база во Норфолк, и на 600 километри од истата, тој повторно исчезнал и повторно се појавил во Филаделфија. Застапниците на овој настан велат дека се работи за случајна телепортација.

Според непотврдени наводи, физиолошкиот ефект на експериметнтот на екипажот бил негативен. Речиси сите биле тешко болни, некои со шизофренија или некои други ментални болести. Некои од екипажот се водат за исчезнати, а според приказната, петмина од нив биле пронајдени поврзани со металниот брод. Сите преживеани членови на екипажот се отпуштени од служба, а некои од нив им бил „испран мозокот“ со цел да го заборават тоа.   

 

13.10.2014 - 15:49


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега